Александар Крлески
Александар Крлески
Член на претседателски совет
Николина Шутиноска
Николина Шутиноска
Претседател

Николина Шутиноска е Претседател на Клубот на Млади Инженери. Николина е Дипломиран електро инженер со Магистерски во областа на Обновливите извори на енергија. Во текот на студирањето Николина освои многу награди и признанија, вклучувајќи го и признанието Инженерски Прстен, доделено од Инженерската Институција на Македонија под покровителство на Претседателот на државата. Во последните четири години, Николина работи во Соларпро Холдинг АД Софија- подружница во Р. Македонија, како Раководител на планирање, анализирање и интеграција на фотоволтаични системи. Исто така, Николина е вклучена во повеќе Хоризонт 2020 проекти, како и КОСТ акции. Според Николина, Клубот на млади инженери е одлично место за вмрежување на младите инженери, поврзување на младите инженери со индустријата и со нивните колеги од Европа.

Христо Никодиновски
Христо Никодиновски
Потпретседател

Христо Никодиновски е Потпретседател на Клубот на Млади Инженери и член на организациониот комитет на EYE Ohrid 2020. Тој е млад инженер со 4 годишно искуство од областа на обновливите извори, трговија и снабдување со електрична енергија. Моментално работи на неговиот Магистерски труд во областа на интеграција на фотоволтаичните системи и електричните возила. Исто така е ангажиран како надворешен соработник во областа на Фотоволтаичните системи на проекти за енергетска ефикасност како што е проектот TRAINEE за интегрирани фотоволтаични системи.

Стојан Спасевски
Стојан Спасевски
Генерален секретар

Стојан Спасевски е герерален секретар на Клубот на млади инженери. Тој е инженер по електротехника и информациски технологии во областа на електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија и во истовреме е и студент на постдипломски студии на факултетот за електротехника и информациски технологии, при Универзититот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Г-дин Спасевски во моментот е вработен како проект менаџер во Македоскиот оператот на дистрибутивен систем, Електродистрибуција Скопје, дел од ЕВН Групацијата. Исто така бил вклучен во организационите одбори на неколку интернационални конференции како Студентската Конференција за Еенргетска Ефикасност и Орджлив Развој во 2018 и „Women In eNergy“ во 2017 и 2018 година. Тој моментарлно работи на неколку проекти во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. За него, Клубот на млади инженери претсатавува алатка која на младите инженери во Северна Македонија им овозможува да ја градат својата неформална мрежа, а со тоа и поголема меѓусебна соработка, во земјата но и во странство.

Тина Манолева
Тина Манолева
Раководител на Односи со јавност

Тина Манолева е раководител на работната група Односи со јавност во Клубот на млади инженери. Таа е електро инженер во областа на Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија и магистрант во областа на обновливите извори на енергија. Во моментов, Тина работи како електро инженер во АД МЕПСО, а воедно работи и на проекти што опфаќаат фотоволтаични ситеми за производство на електрична енергија. Врз основа на претходните достигнувања во организирање на настани, таа организира рекламни стратегии и кампањи, како и прашања поврзани со јавноста и сродните организации до Клубот. Според Тина, развивањето на професионални вештини и споделување на научни знаења, посебно кај младите инженери е главната цел на Клубот на млади инженери. Воедно, преку Клубот и соработката со индустрискиот сектор се прави поврзување на младите инженери со потенцијалните идни работодавци.

Кристина Кузеска
Кристина Кузеска
Раководител на Членство

Кристина Кузеска е раководител на работна група Членство. Таа е дипломиран електро инженер од областа на Електроенергетика, управување и менаџмент. Во моментов е ангажирана од страна на консултантска фирма за енергетика во која се работи на проекти во сите области на енергатиката: обновливи и конвенционални извори на енергија, пренос и дистрибуција. Како раководител на група Членство задачите на Кристина се регрутирање на нови членови и нивно ангажирање во разни активности на клубот. За Кристина, Клубот на млади инженери претставува место на кое инженерите од разни области ќе се поврзат меѓу себе, ќе разменат знаења и вештини, ќе соработуваат и ќе се интегрираат во светот на инженеството.

Симона Николова
Симона Николова
Раководител на Финансии

Симона Николова е раководител на работната група Финансии во Клубот на Млади инженери. Таа ги има завршено своите магистерски студии во областа на полимерно  нженерство со одбранета магистерска теза. Тезата е направена врз основа на неколку параметри: вршење професионална практична работа, како истражување, анализа, развој и тестирање на еластомерни композити за употреба и заптивање на цевки за пренос на топла и ладна вода за пиење. Во моментот е студент на трет циклус (докторски) студии Нејзината докторска дисертација е од областа на полимерното инженерство, со фокус на тестирање и развој на технолошки модел за вулканизација на масивни гумени производи. Основач е на start up компанија „Уретани“ која работи во областа на производство на делови од течен полиуретан за различни примени во индустријата. Клубот на инженери е место за зближување на истомисленици, луѓе кои делат заеднички интереси, како и одличен начин за запознавање и разменување на идеи и знаење со колегите од индустријата. За неа клубот е спој на знаење, успех и практична примена.

Елена Николовска
Елена Николовска
Секретар на Односи со јавност

Елена Николовска е секретар на работната група Односи со јавност во Клубот на млади инженери. Таа е студент на Факултетот за информатички науки и инженерство во Скопје. Има големо искуство работејќи во невладини организации поврзани со животната околина како организатор на настани, предавања и односи со јавноста. Според Елена меѓусебната комуникација кај младите инженери и нивното поврзување со компаниите во Македонија има голем удел во изградувањето и напредокот на нивната кариера, нешто за кое што Клубот на млади инженери се залага.

Тамара Јовановска
Тамара Јовановска
Раководител на Организирање настани

Тамара Јовановска е секретар на работната група за организирање на настани. Магистрираше на Инженерско-градежниот институт при Санктпетербуршкиот политехнички универзитет „Петар Велики“. Јовановска во моментот работи како инженер на градилиште, на изградба на нов експресен пат во Македонија. Се занимава со проблеми поврзани со стабилноста на косините и минирање. Според неа, Kлубот на млади инженери ги обединува младите и амбициозни инженери од различни области и покрај останатото, дава можност да се промовира улогата на жените во градежништвото и општо во инженерството, бидејќи смета дека сѐ уште постојат многубројни предрасуди на оваа тема.