Клубот на млади инженери е тело на Инженерската Институција на Македонија.

Во него може да членуваат сите дипломирани инженери кои се помлади од 35 години, но и студентите на инженерските факултети низ земјата.

Визијата на Клубот на млади инженери е промоција и вмрежување на младите инженери од нашата земја со индустријата, но и со нивните колеги од Европа.

Мисијата на Клубот на млади инженери е организирање настани, интерактивни работилници и интернационални конференции на кои се промовираат техничките науки и се помага во професионалниот развој на младите инженери.