Инженерската институција на Македонија (ИМИ) е единствена професионална, неполитичка и непрофитна организација која што веќе 100 години, преку своите 2 здруженија и сојузи, ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во нашата земја, стимулирајќи го и координирајќи го развојот на науката и новите технологии. Од 2011 година Инженерската институција на Македонија е рамноправна членка на Асоцијацијата на европските национални инженерски организации (www.feani.org), а од 2018 година е членка на организацијата на европските млади инженери https://eyengineers.eu/ при што активно учествува во креирањето на нивните политики. Веќе 16 години нженерската институција на Македонија, под покровителство на Претседателот на Република Северна Mакедонија, го доделува признанието ИНЖЕНЕРСКИ ПРСТЕН на најдобрите
дипломирани студенти од техничките факултети.

Во 2016 година, по повод 70 години од основањето како професионална и научнo-стручна организација, Инженерската институција на Македонија е добитник на највисокото државно признание Повелба на Република Македонија, за постигнатите резултати во стимулирањето и координирањето на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини. Со своите активности Инженерската институција на Македонија е етаблирана и препознатлива како на национално, така и на меѓународно ниво. Од организација на профеционалци таа сè повеќе ги насочува своите интереси кон реализација на активности што ќе овозможат подобрување на условите за научни и апликативни истражувања, како и развој на иновативната мисла и претприемаштвото кај инженерите. Глобализацијата на пазарот на трудот, валоризацијата
на образованието изразено преку соодветни компетенции, бара создавање на национални политики што со сигурност не би можеле да се креираат без мислењето на стуковите инженерски организации и каде институцијата, исто така, има значајна улога. Инженерската институција на Македонија посветува внимание на својата иднина преку
стимулирање на млади кадри. Тие имаат суштествена улога во претставувањето на своите ставови и донесувањето на одлуки. Од друга страна во двете тела на Инженерската институција на Македонија, Клубот на млади инженери и Клубот на носители на инженерски прстен, членуваат инженери од сите стручни здруженија, токму заради фаворизирање на концептот на мултидисциплинарна соработка. На тој начин младите инженери отвараат нови перспективи во нивното меѓусебно комуницирање и предлагаат активности и настани, со кои се наметнуваат нови политики во организацијата, но и во своето работно опкружување. Мисија на ИМИ Координирање на развојот на сите полиња на инженерската наука и струка, на инженерската практика и технологија, преку опфатот и заедничко делување на сите инженерски кадри, а со цел да биде носител на технолошкиот развој на државата. Визијата на ИМИ е да ги поттикнува и мотивира младите да го негуваат инженерството и како такви да бидат во
предниот фронт во глобалниот иновациски натпревар во светот, кои го определуваат квалитетот и начинот на живеење.

http://engineer.org.mk/