Симона Николова е раководител на работната група Финансии во Клубот на Млади инженери. Таа ги има завршено своите магистерски студии во областа на полимерно  нженерство со одбранета магистерска теза. Тезата е направена врз основа на неколку параметри: вршење професионална практична работа, како истражување, анализа, развој и тестирање на еластомерни композити за употреба и заптивање на цевки за пренос на топла и ладна вода за пиење. Во моментот е студент на трет циклус (докторски) студии Нејзината докторска дисертација е од областа на полимерното инженерство, со фокус на тестирање и развој на технолошки модел за вулканизација на масивни гумени производи. Основач е на start up компанија „Уретани“ која работи во областа на производство на делови од течен полиуретан за различни примени во индустријата. Клубот на инженери е место за зближување на истомисленици, луѓе кои делат заеднички интереси, како и одличен начин за запознавање и разменување на идеи и знаење со колегите од индустријата. За неа клубот е спој на знаење, успех и практична примена.

borjan
stojcevborjan97@gmail.com